Top Sport

„Леванте ЕМВ“ пишува: Ако тимот испадне од Ла Лига, Барди ќе си оди!

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Енис Барди кој е член на шпанскиот прволигаш Леванте ќе си замине од клубот доколку тимот не успее да го задржи првотимскиот статус, пишува весникот „Леванте ЕМВ“ од Валенсија.

„Леванте веќе има договорено четири засилувања за летово и тоа Серхио Леон, Жорге Мирамон, Жорге Ернани и Карлос Клерк, но сите тие ќе дојдат само ако Леванте остане во Ла Лига. Од друга страна, фудбалерите како Кампања и Барди, кои веќе ги продолжија договорите со клубот веројатно ќе си заминат, ако Леванте не продолжи да игра во најсилниот ранг во Шпанија“ – пишува „Леванте ЕМВ“.

Барди во Леванте е од летото 2017 година, а за 1,5 милиони евра направи трансфер од Ујпешт од Унгарија. Во првата сезона во Шпанија Барди постигна 9 гола од кои 5 од слободен удар. Оваа сезона тој постигна 1 гол.

Леванте во моментов на 3 кола до крајот има 37 бода и заедно со Жирона и Селта Виго води грчевита борба за опстанок.

Scroll to Top