Фудбалерот на Борусија од Дортмунд, Ерлинг Халанд, смета дека Серхио Рамос, Вирџил ван Дајк и калиду Кулибали се најдобрите дефанзивци во светот.
Халанд е еден од најталентираните напаѓачи во светот, сезонава има постигнато 17 голови на 14 одиграни натпревари. Поради тоа новинарите го прашале за кои дефанзивци смета дека се најдобри.
„Мислам дека тројца се издвојуваат. Тоа се Рамос, Ван Дајк и Кулибали. Тројцата се добри, силни, интелигентни“, оценил Халанд.
Норвежанецот, поради повреда на мускулот, ги пропушти последните четири натпревари на Борусија во Бундес лигата.