Top Sport

Најдобриот Ерменец повторно не е повикан во репрезентацијата

Селекторот на фудбалската репрезентација на Ерменија, Хоакин Капарош, не го повика најдобриот ерменски фудбалер, Хенрик Мхитаријан, за пријателските натпревари со Хрватска и Шведска.

Фудбалерот на Рома, на социјалните мрежи ја коментирал одлуката на селекторот.

„Бев изненаден кога стручниот штаб ме извести дека од некакви причини не сум повикан за наредните натпревари. Причините за неповикувањето ми се сомнителни…Меѓутоа јас ќе им посакам среќа на соиграчите на тие натпревари“, напишал на социјалните мрежи 32-годишниот напаѓач.

Иако нема официјална потврда, селекторот Капарош и Михитаријан не се во добри односи.

На последните девет натпревари, Мхиаријан, само два пати беше во тимот. Тој воопшто не беше повикан за дуелите со Лихтенштајн, Исланд и Романија во квалификациите за Светското првенство. Во оваа група се наоѓа и репрезентацијата на Македонија.

Хенрик Мхитаријан сезонава со 13 голови беше најдобриот стрелец на Рома во Серија А. Со 30 голови е најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата.

Scroll to Top