Алберт Гудмундсон, фудбалер од Џенова, се соочува со повеќегодишна затворска казна доколку биде прогласен за виновен за сексуален напад.
Исланѓанецот во август бил пријавен од девојка од Рејкјавик, која тврди дека ја малтретирал во ноќен клуб.
Гудмундсон тврди дека не е виновен, но така не мисли правниот застапник на девојката. Тој тврди дека фудбалерот би можел да помине и до 16 години зад решетки.
„Секој што има сексуални односи со лице без нејзина согласност е виновен за силување и може да добие затворска казна од најмалку една година до најмногу 16 години“, изјави адвокатот на споменатата девојка.
Според тамошните медиуми, Гудмундсон наесен ќе се појави на суд, што би можело да го коммпромитира неговиот евентуален трансффер во поголем клуб.
Оваа сезона Гудмунсон постигна 14 голови. На листата најдобри стрелц пред него беа само големите ѕвезди: Лаутаро Мартинез (24), Душан Влаховиќ (16), Оливие Жиру и Виктор Осимен (15).