Манчестер сити сака да ги заврши повеќето од своите летни трансфери пред почетокот на Светското клупско првенство на 14 јуни.
По неуспешна сезона и само еден трофеј и тоа на отворањето на сезоната (Комјунити Шилд), челниците на клубот од „Етихад“, заклучија дека ќе биде потребно да се доведат нови играчи.
Реконструкцијата започна во зимскиот преоден рок, кога Сити потроши речиси 200 милиони евра на трансферите на Мармуш, Хусанов, Реис и Нико Гонзалес. Летната реконструкција ќе се одвива брзо.
„Точно утврдивме кои се нашите цели, на кои позиции, и имаме јасна опција број еден и број два. Се фаќаме за работа. Целта е да имаме нов тим за Светското клупско првенство“, рече претседателот на клубот, Калдон Ал Мубарак.
Се очекува првиот потврден трансфер да биде Тижани Рејндерс.
Холандскиот репрезентативец и играч од средниот ред на Милан импресионираше во Италија оваа сезона и покрај тоа што „росонерите“ завршија на осмото место.
Тој беше прогласен за најдобар играч од средниот ред во Серија А, а Сити го гледа како наследник на Кевин де Брујне, кој го напушта клубот.
Се очекува дека договорот би можел да го чини Сити околу 65 милиони евра.
Смирен под притисок, елегантен со топката, немилосрден без неа, тој е подготвен за нов исчекор во кариерата под водство на Пеп Гвардиола.
„Рејндерс би донел нешто поинакво во Сити. Тој е играч од средниот ред со „осумка“, способен за дефанзивни задачи, но поефикасен како централен играч со способност да нападне. Во последните месеци, тој додаде голови во својата игра и ја заврши сезоната со 15 гола“, пишува „Manchester Evening News“.
Рејндерс ја започна својата кариера во Цволе, а играше и за младинскиот и сениорскиот тим на АЗ Алкмар, со краток престој во РКЦ Валвајк.
Тој е во Милан од 2023 година, каде што пристигна во трансфер вреден 20,5 милиони евра.
Рејдерс има договор со Милан до 2030 година, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 50 милиони евра.
На Светското првенство во клубови, кое се одржува во САД, Сити ќе игра во Групата Г со Ал Аин (ОАЕ), Јувентус (ИТА) и Видал Казабланка (МАР).