Top Sport

Најдобриот стрелец на Купот на Азија добил подарок од Меси

Човекот што го предводеше Катар до титулата на Купот на Азија, Али Алмоез, го привлече вниманието на големите европски клубови. 22-годишниот играч на Ал-Духаил, турнирот на кој Катар сензационално ја стигна до титулата, го заврши со рекордни девет гола.

Според новинарските шпекулации најголем интерес за Али Алмоез покажале од Милан. Во летниот преоден рок Леонардо ќе се обиде да го реализира овој трансфер.

Поради брилијантните настапи на Купот на Азија, што ги имаше Али Алмоез, еден од најдобрите играчи во историјата Лионел Меси решил да му испрати подарок.

Аргентинецот на Катарецот му испратил на подарок, потпишан дрес на Барселона со неговиот број 19. Подарокот на Али Алмоез му бил врачен во живо во една телевизиска емисија.

Scroll to Top