Top Sport

Дончиќ испиша историја, Јокиќ со трипл-дабл, „Фрик Грик“ ги растури Визардс (Видео)

Играчите од Балканот Лука Дончиќ, Никола Јокиќ и Јанис Адетокумбо, заедно со Џејмс Харден, индивидуално ја обележаа ноќта во НБА лигата. Тимски, ноќта мина во знакот на Голден стејт Вориорс кои ги декласираа Сан Антонио Спарс.

Далас Маверикс забележаа победа над Шарлот Хорнетс 99:93, а Дончиќ стана најмладиот играч во историјата на лигата кој во една сезона три пати забележал трипл-дабл. Словенецот натпреварот го заврши со 19 поени, 10 скока и 11 асистенции.

Трипл-дабл, десетти во сезоната, забележа и Јокиќ, но Србинот не им помогна на Денвер Нагетс да го избегнат поразот кај Бруклин Нетс (135:130). Јокиќ зад своето име запиша 25 поени, 14 скока, 10 асистенции. Нетс го предводеше поранешниот играч на ЛА Лејкерс, Дианџело Расел со 27 поени и 11 асистенции.

Брилијантна ноќ имаше лидерот на Милвоки Бакс Адетокумбо. „Фрик Грик“, во победата на Бакс над Вашингтон Визардс 148:129 забележа 43 поени (17/21 од игра), 6 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки. Визардс не успеаја против Милвоки и покрај одличните партии на Бредли Бил (30 поени, 8 скока, 4 асистенции), Томас Брајант (26 поени, 14 скока) и Томас Саторански (16 поени, 7 скока, 10 асистенции).

Хјустон Рокитс без проблеми го минаа гостувањето кај Сакраменто Кингс. Предводени од Џејмс Харден (36 поени), Рокетс забележаа победа 127:101. Покрај Харден, кај Хјустон се истакнаа уште Џералд Грин и Ерик Гордон, со 25 односно 20 поени. Кингс ги предводеше Бади Хилд со 20 поени и 10 скока, а српскиот двоец Немања Бјелица-Богдан Богдановиќ реализираа 15 и 13 поени.

Голден стејт Вориорс им го нанесоа на Сан Антонио Спарс најтешкиот пораз во последните неколку сезони. Вориорс славеа 141:102, во натпревар во кој Клеј Томпсон постигна 26, кевин Дурент 23, Стеф Кари 19, а Демаркус Казинс 15 поени.

Scroll to Top