Top Sport

Најдобриот стрелец во хрватската лига е јасен: Сонувам за дресот на Србија

Иако дел од луѓето во Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) се надеваа дека можат да го убедат Комнен Андриќ, најдобриот стрелец во првата хрватска лига да направи „трансфер“ во хрватскиот дрес, фудбалерот на Интер Запрешиќ ги разочара со својата изјава.

23-годишниот Андриќ, кој доаѓа од Нови Пазар, беше поранешен член на У-20 репрезентацијата на Србија со која пред три години ја освои светската титула, но уште нема добиено повик во сениорската селекција. Сепак, тој не планира да менува репрезентација.

„Сонувам за дресот на Србија и било која друга земја не доаѓа во предвид. Никогаш не би играл за Хрватска или за друга репрезентација, бидејќи врвот за секој спортист е да ја претставува својата земја. Многумина беа скептични кога им кажав дека ќе играм во Хрватска поради односите со Србија, но немав ниту еден проблем. Станав капитен на тимот и тоа кажува многу за мојата состојба во клубот“, вели Андриќ.

Андриќ минатата сезона постигна 10 голови а Интер и имаше пет асистенции, а оваа сезона во 15 натпревари има 10 голови.

Scroll to Top