Top Sport

Никола Карабатиќ ќе го пропушти СП

Ракометната репрезентација на Франција на Светското првенство во Данска и Германија ќе ја брани титулата без еден од своите најдобри играчи, Никола Карабатиќ. Играчот што обележа цела една деценија во светскиот ракомет, се уште се рехабилитира од операцијата на стапалото.

Сепак отсуството на Карабатиќ не би требало да се почувствува во францускиот достав бидејќи селекторот Дидие Динар има на располагање исклучително квалитетни бекови.

Динар на подготовките повикал 20 ракометари, а конечниот список ќе го објави на 9.јануари.

Голмани: Сирил Демулан, Винсет Жерард

Крила : Рафаел Гаште, Мишел Гигу, Лук Абало

Бекови: Метју Греби, Кентин Мае, Николас Клер, Роман Легард, Тимоти Н‘Гесан, Оливе Ниокас, Дика Мем, Адријен Дипанда, Надим Ремили, Валентин Порт, Мелвин Ричардсон

Пикери: Лудвиг Фабрегас, Лука Карабатиќ, Седрик Сорендо и Николас Турна.

Франција на СП ќе се натпреварува во А-групата, во која се и репрезентациите на Русија, Германија, Србија, Бразил и Кореа.

Scroll to Top