Top Sport

Најдобриот стрелец во историјата на Наполи заминува од Неапол

Белгискиот интернационалец Дрис Мертенс заминува од Наполи. Тој е слободен агент, но постоеше шанса да се договори за нова соработка со „наполитанците“. Сепак, претседателот Аурелио де Лаурентис нема да му понуди нов договор.

Мертенс е најдобриот стрелец во историјата на Наполи. Тој девет сезони го носеше дресот на овој клуб и постигна 148 гола на 397 натпревари.

Белгиецот најверојатно ќе остане во Серија А. За него интерес постои од Лацио каде што повторно би соработувал со Маурицио Сари.

Scroll to Top