Како дел од доделувањето на „ФИФА БЕСТ“ наградите на ФИФА, беше прогласен и најдобриот состав на денешницата во избор на ФИФПРО, односно самите играчи преку организацијата на професионални фудбалери.
На голот е Џанлуиџи Донарума, освојувачот на европската титула со Италија и новиот голман на Пари Сен-Жермен, додека тројца дефанзивци се Рубен Дијаш (Манчестер сити/Португалија), Леонардо Бонучи (Јувентус/Италија) и Давид Алаба (Реал Мадрид, Австрија).
Креатори на играта се двајца играчи на Челси, Жоржињо (Италија) и Н’Голо Канте (Франција), како и Кевин де Брујне од Манчестер сити, додека во нападот се неизбежните Лионел Меси и Кристијано Роналдо, но и Ерлинг Халанд (Норвешка/Борусија Дортмунд) и освојувачот на „БЕСТ“ наградата, Полјакот Роберт Левандовски.