Top Sport

Најдобрите 23 на ФИФА се бизарни – четири фудбалери на Барса, нема место за Салах!

ФИФА го објави 23-члениот состав на најдобрите фудбалери на планетата во моментов, избран од фудбалерите, и на него има дури четири фудбалери на Барселона, но отсутен е на пример, Мохамед Салах од Ливерпул.

Челси, Барселона и Пари Сен-Жермен имаат четири фудбалери во тимот од 23 фудбалери, кој на церемонијата „Бест ФИФА“ ќе биде претворен во најдобри 11 за 2021.

Серхио Бускетс, Френки де Јонг,Жорди Алба и повратникот во тимот Дани Алвеш се во изборот од Барселона, Челси го претставуваат Едуар Менди, Жоргињо, Н’Голо Канте и Ромелу Лукаку, додека ПСЖ можат да се пофалат со Лионел Меси, Нејмар, Килијан Мбапе и Џанлуиџи Донарума. Тоа што Барселона, во моментов на 8. место во Ла лига со 18 поени заостанување зад Реал Мадрид има четири фудбалери изненади многумина.

Ова е првпат по 17 години, ФИФА да се реши за објавување на 23-член состав, откако последните години објавуваа листа од 55 фудбалери. Голманот, тројца дефанзивци, тројца играчи од средниот ред и тројца напаѓачи со најмногу гласови ќе влезат во најдобрите 11.

ФИФПРО ИЗБОР

Голмани: Алисон Бекер (Ливерпул/Бразил), Џанлуиџи Донарума (ПСЖ/Милан/Италија), Едуар Менди (Челси, Сенегал).

Дефанзивци: Давид Алаба (Баерн М/Реал М/Австрија), Жорди Алба (Барселона/Шпанија), Трент Александер-Арнолд (Ливерпул/Англија), Дани Алвеш (Сао Пауло/Барселона/Бразил), Леонардо Бонучи (Јувентус/Италија), Рубен Дијаш (Манчестер сити/Португалија).

Среден ред: Серхио Бускетс (Барселона/Шпанија), Кевин де Брујне (Манчестер сити/Белгија), Бруно Фернандеш (Манчестер јунајтед/Португалија), Френки де Јонг (Барселона/Холандија), Жоржињо (Челси/Италија), Н’Голо Канте (Челси/Франција).

Напад: Карим Бензема (Реал М/Франција), Кристијано Роналдо (Јувентус/Манчестер јунајтед/Португалија), Ерлинг Халанд (Борусија Д/Норвешка), Роберт Левандовски (Баерн М/Полска), Ромелу Лукаку (Интер/Челси/Белгија), Килијан Мбапе (ПСЖ/Франција), Лионел Меси (Барселона/ПСЖ/Аргентина), Нејмар (ПСЖ/Бразил).

Scroll to Top