Top Sport

Најдобрите фудбалери ќе го бојкотираат СП во 2034?

Синдикатот на професионални фудбалери во Премиер лигата е загрижен поради одлуката на ФИФА, организацијата на Светското првенство во фудбал во 2034 година да и ја додели на Саудиска Арабија.

Арапската земја беше практично единствениот кандидат откако Австралија се повлече во последен момент, но многумина се сомневаат во корупција, како што беше случајот кога Катар ја доби организацијата на Светското првенство во 2022 година.

Многумина веруваат дека Саудиска Арабија и Катар преку спортот го „перат својот углед“ во јавноста, обидувајќи се да создадат добра слика за нив во светот и покрај постојаното кршење на човековите права, а најмногу негодувања доаѓа од Англија.

Иако Саудијците го водат Њукасл, Катарците беа на чекор од преземање на Манчестер јунајтед, додека самата земја соработува „тесно“ со Саудиска Арабија, по одлуката на ФИФА морална паника завладеа на Островот.

Според „Дејли мејл“, нема да биде изненадување ако познатите фудбалери го бојкотираат Светското првенство во 2034 година поради кршење на работничките права, но сепак сето тоа е на ниво на шпекулации.

„Поради температурите, дури и во зима и продолжени клупски сезони, некои играчи би можеле да го пропуштат турнирот“, изјави Моланго од ПФА.

И покрај овие најави дека фудбалерите ќе го бојкотираат турнирот поради кршење на човековите права во Саудиска Арабија, распоредот и долгите сезони, ниту еден од играчите досега не се огласил во јавноста.

Scroll to Top