Top Sport

Ја поддржаа Палестина, Селтик им ги укина сезонските билети

На неодамнешниот натпревар од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, навивачите на Селтик уште еднаш ја поддржаа Палестина. На трибините имаше голем број палестински знамиња.

Поддршката за палестина изразен на овој начин не ми се допдна на клупските челници кои во страв од казна на УЕФА, донесоа драстични одлуки.

На најжестоките навивачи на Селтик кои ја направија кореографија за поддршка на Палестина, како и на групата која ја бодреше Палестина на мечот од Лигата на шампионите, ќе им бидат одземени сезонските билети.

Селтик се загрижени за безбедноста на натпреварите и веруваат дека таква поддршка не треба да има на стадионите.

Селтик е еден од ретките европски клубови кои јавно ја поддржуваа Палестина на натпреварите, која моментално минува низ тежок период на војна и напади од Израел.

Во меѓувреме, навивачката група наречена „Зелена бригада“, ги охрабри навивачите на Селтик „храбро да го подигнат знамето за Палестина“ додека конфликтот на Блискиот Исток продолжува да ескалира.

Foto/ EPA

Scroll to Top