Top Sport

Најдолговечниот тренер во Премиерлига го продолжи договорот

Шон Дајч – најдолговечниот тренев во моментов во Премиерлигата го продолжи договорот со тимот на Барнли.
Дајч и Барнли потпишаа договор за соработка до сезоната 2024/25, а тој на клупата на клубот е од 2012 година. Во кариерата Дајч бил кормилар само уште на Вотфорд, од 2002 до 2005 година.

„Среќен сум поради потпишувањето на новиот договор и сега помирно може да гледаме кон иднината. Ова лето го проширивме играчкиот кадар, но додадовме и некои од талентите. Тука не застанува нашата работа, ние сме клуб кој секогаш помалку напредува“ – рече 50-годишниот стратег.

Барнли сезонава не ја отвори на посакуваниот начин. Моментно е во зоната за испаѓање со реми и три порази.

Scroll to Top