Спектакуларната победа на Барселона над Њукасл (7:2) во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, ги поттикна статистичарите вработени во УЕФА да ги разгледаат, во однос на постигнатите голови, најефикасните натпревари.
Досега најмногу пати (12) мрежите се треселе на 22 ноември 2016 година, кога Борусија Дортмунд, пред својата публика, ја понижи Легија Варшава со 8:4.
Дури седум гола во дуелот од групната фаза во тој момент паднаа за само 32 минути, бидејќи „милионерите“ имаа неверојатни 5:2 по само 32 минути.
Зад овој натпревар, следува катастрофата на Динамо Загреб во Минхен, против Баерн (9:2), а 11 голови беа постигнати и во натпреварот Монако-Депортиво Ла Коруња (8:3).
Натпревари со најмногу постигнати голови во историјата на ЛШ:
12 Борусија Дортмунд – Легија Варшава 8:4 (22.11.2016)
11 Баерн – Динамо Загреб 9:2 (17.9.2024)
11 Монако – Депортиво Ла Коруња 8:3 (5.11.2003)
10 Баерн-Барселона 8:2 (14.8.2020)
9 Пари Сен Жермен – Розенборг 7:2 (24.10.2000)
9 Лион – Вердер Бремен 7:2 (03.08.2016)
9 Тотенхем – Баерн 2:7 (01.10.2019)
9 Манчестер Сити – Лајпциг 6:3 (15.09.2021)
9 Пари Сен Жермен – Макаби Хаифа 7:2 (25.10.2022)
9 Бенфика – Барселона 4:5 (21.01.2025)
9 Баер Леверкузен – ПСЖ 2:7 (21.10.2025)
9 Барселона – Њукасл 7:2 (18.03.2026)
