Top Sport

Најголемиот пораз на Партизан во последните 40 години – Динамо Киев ги понижи црно-белите

Фудбалерите на Партизан претрпеа вистински дебакл, во првиот натпревар во второто квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите. Во Лублин, Полска, Партизан загуби од Динамо Киев со 6:2.

Поразот во Лублин е еден од најубедливите порази на Партизан во клупската историја.

Последен пат црно-белите, во европските купови, примиле шест гола пред точно 40 години, кога загубија од Квинс Парк Ренџерс во Лондон со резултат 6:2. Но тогаш Партизан успеа да помине бидејќи во реваншот славеше со 4:0.

Според она што беше видено синоќа на стадионот во Лублин, против Динамо, Партизан нема шанси да направи таков подвиг.

Српските медиуми со неверување го опишуваат она што се случуваше на стадионот во Лублин.

„Самоубиство на српскиот фудбал“, „Катастрофа на Партизан“, „Партизан уништен“, се дел од насловите на „Б92.нет“, додека Курир пишува за „Историски дебакл“ и дека „Партизан беше целосно понижен, а најлошото е што црно-белите добро поминаа со оглед на тоа како играа“.

Scroll to Top