Top Sport

„Најголемиот потрошен талент“ Морисон: Би направил многу работи поинаку

Равел Морисон призна дека би сменил „многу работи“ во својата кариера како фудбалер на Манчестер јунајтед, откако Вејн Руни го пофали Англичанецот како најталентираниот фудбалер на „ѓаволите“, кој за жал поради лошата работна етика не успеа да се пробие во првиот тим.

Морисон дебитираше за „ѓаволите“ во 2010 година на 17 години, како дел од генерацијата во која беа и Пол Погба и Џеси Лингард, и беше постојано поддржуван од Сер Алекс Фергусон, но на крајот тој заврши во Вест хем, Лацио, и сега во Мидлзборо во втората лига.

Откако Руни во колумна за „Сандеј тајмс“ го испофали Морисон велејќи дека бил поголем талент и од Пол Погба, но дека дисциплината не му била на завидно ниво, тој признава дека не сфаќал што е потребно да си меѓу најдобрите.

„Секако, коментарите се неверојатни. Посебно бидејќи доаѓаат од Руни, еден од најдобрите во историјата на Англија. Малку те прават да се чувствуваш вознемирен бидејќи требаше да одам малку подалеку. Се надевам дека ќе стигнам до малку подалеку. Со Погба и Џеси бевме одлична генерација, родена во 1992 и 1993. Знаев дека имам квалитет, но не сфаќав што е потребно да се прави. Јас само сакав да излезам таму и да играм фудбал. Не се мачев со притисокот, бидејќи не чувствував притисок. Можеби некои работи во мојот живот би ги направил поинаки и како што велат, би одел на поинаков пат. Пораснав во Јунајтед, бев таму во У-9 тимот. Некои денови ќе го прескокнев тренингот и не знаев зошто го правев тоа. Сега е поинаку, сега не можете да ме тргнете од тренинг“, вели Морисон.

Руни: Равел Морисон беше далеку поталентиран од Погба (видео)

Scroll to Top