Top Sport

Руни: Равел Морисон беше далеку поталентиран од Погба (видео)

Вејн Руни смета дека поранешниот фудбалер од средниот ред на Манчестер јунајтед, Равел Морисон бил за „милја“ подобар од неговите поранешни соиграчи Пол Погба и Џеси Лингард, уште еднаш потврдувајќи го „митот“ за Морисон како за еден од најголемите „потрошени“ таленти во модерниот фудбал.

Сер Алекс Фергусон го донесе Морисон на „Олд Трафорд“ во 2009 и тој дебитираше за клубот една година подоцна на само 17 години, но откако не успеа да се пробие во првиот тим, во 2012 година замина во Вест хем, пред во 2015 да отиде во Лацио. Во двата клуба тој исто така не се снајде најдобро, и по низа клубови, тој сега е фудбалер на Шефилд јунајтед, но е пратен во второлигашот Мидлзборо како позајмен фудбалер. На 27 години, веќе никој не верува дека тој ќе го покаже талентот и Руни вели дека тоа е тажно.

„Се сеќавам дека го гледав Равел Морисон и мислев дека има сè што е потребно за фудбалер на неговата позиција. Тој трипати му ја протна топката низ нозе на Немања Видиќ во една минута на еден тренинг. Но, се мачеше со животиот стил и тоа беше тажно, бидејќи тој беше за милја подобар од фудбалерите како Пол Погба и Џеси Лингард. Тој е совршен пример дека не можеш да избегаш од професионалните обврски во фудбалот. Гери Невил, на пример. Тој не е голем фудбалер, но работеше напорно на секој тренинг и го искористи тоа што го има за да стигне до капитенското место во Јунајтед“, вели Руни.

Поранешниот менаџер на Сем Алардајс одамна изјави дека го смета Морисон за најголемиот потрошен талент во историјата.

„Тој беше навистина добар, но поради менталната страна, не успеа да го покаже тој талент редовно. За мене, тој е најголемиот потрошен талент со кого сум работел“, изјави Алардајс во 2017 година.

Scroll to Top