Вундеркиндот Јусуфа Мукоко постигна шест голови во својот прв настап за У-19 тимот на Борусија Дортмунд, иако има само 14 години.
По рекордни 50 гола во 28 меча за У-17 тимот на Дортмунд, 14-годишниот Мукоко доби шанса во посилниот У-19 тим ова лето и во деби-мечот против Вупертал покажа дека се работи за неверојатен талент. Мукоко, кој исто така игра и за германската репрезентација до 16 години, го комплетираше хет-трикот во 17 минути во првото полувреме и заврши со шест гола за 9:2 триумф.
„Шапките долу. Бевме предупредени, но не можевме да направиме ништо. Момчето е толку добро“, напишаа на веб-сајтот на Вупертал по мечот.
Се верува дека Мукоко може да добие место во првиот тим на Борусија во 2021/22, кога ќе наполни 17 години.