Top Sport

Најголемите судиски грешки во фудбалската историја

Фудбалскиот портал „FourFourTwo“, објави листа на 25 најголеми судиски грешки во историјата. Според овој извор најголемата грешка во историјата на фудбалот ја направил судијата Греам Пол на Светското првенство во 2006 година.

На натпреварот од групната фаза на Мундијалот во Германија, меѓу Хрватска и Австралија, англискиот судија на Јосип Шимуниќ му покажа три жолти картони.

Натпреварот заврши со резултат 2:2, по што Хрватска беше елиминирана, а Австралија избори место во осминафиналето.

„Ова беше нешто посебно. Англискиот судија Греам Пол направи спектакуларната грешка на натпреварот помеѓу Хрватска и Австралија. Пол успеа да му покаже три жолти картони на хрватскиот дефанзивец Јосип Шимуниќ. Се разбира, Пол ги спакува куферите и отиде дома, никогаш повеќе не судеше на Светско првенство“, опишува „FourFourTwo“.

Рангирањето вклучува и епски судиски грешки кои буквално го сменија текот на фудбалската историја. Тука е голот на Џеф Харст во 1966 година, во финалето на СП меѓу Англија и Германија. Тука се и „Божјата рака“ на Марадона и играњето со рака на Анри в баражот Франција-Република Ирска за пласман на даде гол на Ирска за пласман на Светското првенство во Јужна Африка. Поради таа судиска грешка Ирска беше елиминирана, а Франција настапи на Мундијалот во 2010 година.

Scroll to Top