Top Sport

Најголемите трансфери во зимскиот преоден рок

Зимскиот преоден рок во најсилните европски шампионати заврши точно на полноќ. Преодниот рок го обележа трансферот на Душан Влаховиќ, сагата со Усман Дембеле кој на крајот остана во Барселона, но и по бесплатниот трансфер на Пјер-Емерик Обамејанг.

Српскиот репрезентативец, Влаховиќ, добрата форма и постигнати голови во дресот на Фиорентина ги напалти со транфер во еден од најславните европски клубови, Јувентус. Според „Трансфермаркт“, Јувентус за трансферот платиле 81.600.000 евра.

Барселона издвои 55.000.000 евра за Феран Торес. Инаку во неговиот договор постојат четири клаузули, доколку се оставарат Манчестер сити ќе заработат дополнително 10.000.000 евра.

Во Топ 10 на листата на најголеми зимски трансфери само Њукалс има двајца фудбалери. Клубот кој се засили за да избори опстанок во Премиер лигата плати 42.100.000 евра за Бруно Гимараеш и 30.000.000 евра за напаѓачот Крис Вуд.

Scroll to Top