„Марка“ направи листа на најголемите лузери во фудалот во последните две децении. На листата има девет фудбалери и еден тренер.
Пред неколку дена Паоло Малдини во разговор со Кристијан Виери рекол дека е најголем лузер во фудбалот и покрај тоа што има освоено многу титули. Ова ја поттикна „Марка“ да ја состават листата, на која еднинствен тренер е Хектор Раул Купер кој работеше во Валенсија и Интер.
Листата на „Марка“:
– Хавиер Маскерано (освоил 20 трофеи во кариерата, но бил поразен во 11 финални мечеви)
– Патрис Евра (освојувал трофеи во сите клубови во кои што настапувал, но бил поразен четири натпревари во финалните натпревари во Лигата на шампионите)
– Ариан Робен (бил пораен во шест финалиња, два пати во Лигата на шампионите)
– Михаел Балак (освоил 13 трофеи во кариерата, има шест порази во финалните натпревари. Има порази во финале на светско и европско првенство)
– Алесандро Дел Пјеро (легенда на Јувентус, загубил три финалиња во кариерата)
– Гонзало Игуаин ( во кариерата забележал порази во пет финалиња)
– Лотар Матеус ( освоил 26 трофеи во кариерата, но и пет пати бил поразен во финалните мечеви)
– Џанлуиџи Буфон ( голманска легенда, освоил 23 трофеи во кариерата. Нема титула во Лигата на шампионите иако три пати играл во финалето)
– Ектор Раул Купер ( единственот тренер на листата шест пати неговите екипи губеле во шест различни финалиња)