Француските шампиони Пари Сен-Жермен го потврдија продолжувањето на договорот за спонзорство со американскиот гигант „Најк“ до 2032 година, оценувајќи дека се работи за најголемото спонзорство за дресови во историјата
ПСЖ и „Најк“ соработуваат од 1989 година, а во новиот договор се вклучени и женскиот клуб на ПСЖ, како и двата ракометни клуба. Финансиските детали не се објавени, иако шпанскиот весник „АС“ тврди дека се работи за тројна сума од сегашната сума од 25 милиони евра што ја добиваа Парижани, што значи дека сумата е блиску до 70 милиони евра годишно.
Овие вести доаѓаат откако ПСЖ имаше рекордна сезона по продажбата на дресови, првпат надминувајќи ја бројката од милион дресови во една сезона. Најголем раст има во САД, од фантастични 470 отсто.
Ова е втор голем спонзорски договор за ПСЖ оваа година, откако во февруари хотелскиот ланец „Акор“ потврди дека ќе го замени „Емирати“ како главен спонзор на дресовите од 2019/20.
Le Paris Saint-Germain signe avec Nike le plus important contrat de sponsoring de son histoire.
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) June 28, 2019