Top Sport

„Најки“ добиле три милиони нарачки за новиот дрес на Нигерија

Нигерија ги претстави новите дресови, во кои националниот тим во иднина ќе ги игра своите натпревари.

Нигеријците со својата опрема беа хит на Светското првенство во Русија во 2018 година. Во еден период компанијата „Најки“ не можеше да постигне да одговори на нарачки. Дресот што Нигеријците го носеа во Русија е продаден во речиси четири милиони примероци.

Со дизајнот на новиот дрес „Најки“ отидоа чекор подалеку.

„Најки“ веќе добиле три милиони нарачки за новиот дрес на Нигерија, на првиот ден од продажбата во Лондон неколку стотици Нигеријци чекале во редови за да го купат новиот дрес.

Scroll to Top