Top Sport

Роси и Вињалес ја претставија новата „Јамаха“

Во „пит-лејнот“ на патеката Сепанг, денес новите мотоцикли на тимот „Монстерс Енерџи Јамаха“ ги претставија Валентино Роси и Маверик Вињалес.

Деветкратниот светски шампион од Италија и Шпанецот кој минатата сезона победи на дв трки позираа со своите нови „YZR-M1s“ мотоцикли.

Боите на мовите мотори на „Јамаха“ се речиси идентични со минатогодишните.

Лин Џарвис, генералниот директор на Јамаха мото-рејснг тимот, членовите на екипите и новиот тест-возач Хорхе Лоренцо им се придружиле на возачите на фабричкиот тим во гаражата за време на презентацијата.

„Јамаха“ на патеката Сепанг во Малезија ќе тестираат до недела.

Scroll to Top