Top Sport

Најлоша посета на „Сантијаго Бернабеу“ во последната деценија

Реал Мадрид на стартот на новата сезона го победи Хетафе со 2:0 пред рекордно мал број на гледачи, кога станува збор за натпревар во Ла Лига.

Реал против Хетафе го гледале 48.466 луѓе, што е најмала посета на „Сантијаго Бернабеу“ во последните десет години.

Претходно, најмалата посета се случила една година пред Кристијано Роналдо да пристигне во Реал, односно на натпреварот кој клубот го одиграл по дебаклот од Барселона (2:6).

Секако дека причина за малата посета е и заминувањето на Кристијано Роналдо, кој летово по девет години го напушти клубот. Можно е дека навивачите на овој начин го покажале незадоволството што раководството не успеа да донесе голема ѕвезда во овој преоден рок.

Scroll to Top