Top Sport

Реднап: Зошто Јунајтед воопшто би му дал уште пари на Мурињо?

Неубедливиот Манчестер јунајтед, вчера, заслужено загуби во Брајтон (3:2), а еден од првите што упати критики на сметка на Жозе Мурињо е поранешниот играч на Ливерпул и Англија, Џејми Реднап, кој сега работи како стручен аналитичар за „Скај спорт“.

Реднап велид ека во Манчестер јунајтед треба добро да размислат дали во иднина на својот менаџер ќе му дадат пари за купување на нови фудбалери.

Пред две години на трансферот на Ерик Баи, Манчестер јунајтед потроши 32 милиони фунти, а минатото лето два милиони фунти помалку ги чинеше Виктор Линделоф.

Мурињо, во овој преоден рок инсистираше клубот да ангажира уште еден централен дефанзивец, а по поразот од Брајтон тој изјави дека играчите од одбраната правеле грешки поради кои тимот претрпел пораз.

„Линделоф и Баи изгледаа како младинци, како да немаат никакво искуство. Четворица во одбраната се платени 117 милиони фунти. Мора да играат многу подобро. Колку пари уште треба да потроши за да го реши проблемот? Тој (Мурињо) ги донесе Баи и Линделоф, зошто сега да му веруваат и да одвојат уште пари за трансфери“, рекол Реднап.

Стручниот аналитичар на „Скај спорт“, рекол и дека Мурињо треба да се насочи кон својот тим, доколку сака да ги реши проблемите што очигледно постојат, односно да не влегува во верба,ни „војни“ со другите менаџери.

Scroll to Top