Top Sport

Најлошиот пенал во 2019 го изведе Бразилец? (видео)

Кандидатот за најлошо изведен пенал во 2019 година доаѓа во последниот месец од годината, откако Бразилецот Леонардо да Силва Соуза се посрамоти во дуелот на неговиот Шабаб Ал-Ахли против Ал Вахдa во Обединетите Арапски Емирати.

Леонардо, кој претходно беше фудбалер на српски Партизан, имаше шанса да го донесе клубот во водство уште во 10. минута со удар од белата точка, но тој се излизга и ја прати топката многу високо.

Сепак, неговиот тим стигна до 4:0 победа, додека самиот Леонардо го постигна последниот гол.

Scroll to Top