Top Sport

Џошуа мора да боксува со Усик или ќе го загуби ВБО појасот

Светската боксерска организација (ВБО) нареди шампионот во тешка категорија, Ентони Џошуа да се согласи на дуел со првиот предизвикувач Олександер Усик во рок од еден месец или да го загуби појасот кој го врати минатиот викенд по победата над Енди Руиз Јуниор во Саудиска Арабија.

Претседателот на ВБО, Франциско Варкарсел потврди дека Џошуа мора да влезе во рингот со Украинецот Усик во рок од 180 дена од победата во ри-мечот со Руиз.

„ВБО наредува почеток на преговорите помеѓу задолжителниот предизвикувач Усик и шампионот Џошуа. Тие имаат рок од 30 дена да дојдат договор, а ако тоа не се оствари, тогаш федерацијата ќе мора да организира меч за титулата“, се вели во соопштението на ВБО.

Доколку Британецот не се согласи за на меч, Усик би можел да боксува со Дерек Чисора или Џозеф Паркер за титулата, со што ќе се донесе уште едно „расситнување“ на тешката категорија. Усик е поранешен доминатор во крузер категорија и дебитираше во тешката категорија во октомври кога го нокаутираше Чез Витерспун во седмата рунда.

Scroll to Top