Top Sport

Најлошиот тим во Примера го отпушти тренерот

Аргентинскиот стручњак Диего Кока повеќе не е тренер на Ваљадолид, соопшти шпанскиот клуб.

Кока го презеде Ваљадолид на 14. декември минатата година, кога на клупата го замени Пауло Пезалон, но на осум меча забележа седум порази и една победа и доби отказ.

Ваљадолид е на последното место, 20. во шпанската Примера со 15 бода, осум бода под зоната за испаѓање. Од клубот изјавија дека тимот привремено ќе го води тренерот на резервниот тим Алваро Рубио.

Scroll to Top