Top Sport

Најлошите 11 во Серија А

„Газета дело Спорт“ избра 11 фудбалери кои разорале со своите настапи во досегашниот дел од сезоната и од нив е составен најлошиот тим.

На голот на оваа непопуларна постава е Алекс Мерет од Наполи. За услугите на Мерет Наполи на Уденезе им плати 20 милиони евра, меѓутоа поради лошата форма местото во тимот му го зеде Давид Оспина.

Во одбраната се четворица играчи кои минатото лето стигнале во своите тимови: Антонио Барека од Џенова, Диего Годин од Интер, Денис Вавро од Лацио и Ленадро Спинацола од Рома.

Во редот за врска се Адријен Рабио од Јувентус, Хавиер Паторе од Рома кој веќе неколку сезони игра во лоша форма и Лукас Пакета од Милан.

Тројката во нападот ја формираа Ирвин Лозано од Наполи, Симоне Верди од Торино и Алексис Санчез од Интер.

Scroll to Top