Top Sport

Најлудата приказна на преодниот рок – легендарниот голман излегол на кафе и не се вратил на потпис на договорот

Мексиканецот Гиљермо Очоа (40) во последен момент одлучи да ја одбие понудата на шпанскиот второлигаш Бургос.

На последниот ден од преодниот рок, голманот, кој во својата кариера бранеше на пет светски првенства, со амбиција да го стори тоа по шести пат, пристигна во споменатиот шпански клуб за да го финализира договорот со претставниците на Бургос.

Сè одеше непречено за двете страни сè до моментот кога, според шпанските медиуми, Очоа побарал да се промени една ставка во договорот (не е наведено конкретно која), потоа ја напуштил канцеларијата и заминал на кафе.

И не се вратил. Телефонските повици на претседателот на Бургос биле залудни.

Така, во последен момент, тој остана без клуб во кој имаше план да се бори за местото меѓу стативите и на тој начин да се наметне кај селекторот на „сомбреросите“ за претстојното Светско првенство – што би бил неговиот рекорден шести во кариерата.

Бургос, во меѓувреме, имале подготвен „план Б“ по ненадејното заминување на Очоа. Раководството на клубот реагираше брзо и го ангажираше Хесус Руиз, Каталонец, кој беше слободен на пазарот откако го напушти Расинг Ферол

Foto/ EPA

Scroll to Top