Претседателката на баскискиот клуб Еибар, Амаја Горостиза, заедно со фудбалерите на клубот со шампањско го прослави првиот историски триумф над Реал Мадрид, откако „кралевите“ беа шокирани со 3:0 на гостувањето во малото градче.
Горостиза го отвори шампањското, по што се поздрави со сите фудбалери во соблекувалната, а тие неуспешно побараа слободен ден од тренерот Хозе Луис Мендилибар.
Еибар е клуб формиран во 1940 година и ги носи боите на Барселона, а исто така е познат по тоа што е клуб во целосна сопственост на фановите, со 10.000 акционери. Тие првпат влегоа во Ла лига во 2014 година, и до влегувањето на Хуеска во лигата во 2018 беше сметан за најмалиот клуб кој играл во шпанската елита.
Тие играат на најмалиот стадион во Ла лига (само 7.700 седишта) и доаѓаат од градче од само 28 илјади жители.
Club president Amaia Gorostiza got the party started after Eibar’s first ever La Liga win over Real Madrid ? pic.twitter.com/nY1c4dzyVK
— ESPN FC (@ESPNFC) November 24, 2018
Goals y Highlights #Realmadrid 0-3 #Eibar #RealMadridEibar pic.twitter.com/cO7t41cS1d
— Brasileño ? (@unbrasilenho) November 24, 2018