Top Sport

Најмалку петмина во јануари ќе го напуштат Челси

Големите вложувања по заминувањето на Роман Абрамович не го вратија Челси меѓу лидерите на англискиот фудбал. Клубот од „Стенфорд Бриџ“ е поблиску до оние кои се во долниот дел на табелата во Премиер лигата.

Челси во последните два трансфер период потроши најмногу пари од сите клубови во светот. Со неуспешните вложувања, само покажа дека некогаш дури и со пари не може да се купи успехот.

Менаџерот Маурицио Покетино во јануарскиот преоден рок подготвил чистка, тшо значи дека Челси повоторно ќе купува.

Се очекува и заминување на неколку фудбалери, главно оние кои се незадоволни, или од кои Покетино е незадоволен.

„Атлетик“ пренесува дека овие пет фудбалери сигурно ќе заминат: Конор Галагер, кој го следат Евертон, Вест Хем и Тотенхем, Тревор Чалоба и напаѓачот Армандо Броја, Јан Матсен кој игра како дефанзивец, како и Маланга Сар кој не е ниту регистриран за Премиер лигата, иако има неделна плата од 100.000 фунти.

Scroll to Top