Top Sport

Најмалку три недели пауза за Де Јонг

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг ќе отсуствува најмалку три недели поради повреда на зглобот, потврди тренерот Чави.

Холанѓанецот го напушти теренот против Селта по 30 минути игра во првото полувреме. До тој момент тој ја одигра секоја минута во Примера.

„Ова е голем хендикеп за нас“, рече Чави и додаде: „Френки е клучен за нашата игра, особено ако се земе предвид одличната форма во која се наоѓаше. Најмногу од него ќе зависи колку ќе отсуствува, но и ние ќе треба да процениме како се чувствува по следната репрезентативна пауза“.

Барселона вечерва ќе и гостува на Мајорка, по што следува натпревар со Севилја и натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите во Порто на 4 октомври.

Последниот меч пред паузата Каталонците ќе го одиграат против Гранада на 8 октомври.

Foto/ EPA

Scroll to Top