Top Sport

„Најмар сака да се врати во Барселона“

Потпретседателот на Барселона, Жорди Кардонер, во гостувајќи во програма на радиото „Ел Пример Пало“, рекол дека Нејмар имал желба да се врати на „Ноу Камп“. Бразилецот минува низ најтешкиот период во кариерата, откако пред две години за рекордни 222 милиони евра ја напушти Барселона и замина во Пари Сен Жермен.

Нејмар сакаше да излезе од сенката на Лионел Меси, сакаше да ги однесе ПСЖ во европскиот врв, но иако доминираше во францускиот шампионат, во Лигата на шампионите не успеа да постигне добар резултат. Покрај тоа изминатите две сезони има проблеми со стапалото на десната нога, поради што пропушти голем број натпревари.

Повредата го оддалечи Нејмар и од Копа Америка 2019 чии домаќин е Бразил. Дополнителен проблем за него претставува и изјавата на претседателот на ПСЖ дека „никој не го терал да доаѓа во Париз“.

Од тој момент започнаа шпекулациите дека Нејмар очајнички сака да се врати во Барселона и дека им порачал на луѓето од ПСЖ дека не сака да се врати во Париз.

„Точно е дека сака да да се врати во Барселона, но нема да се согласам со констатацијата дека ние сме загрижени дали тој ќе се врати или не. Не ми се допадна начинот на кој што Нејмар ја напушти Барселона. Луѓето говорат дека сме потпишале договор, а ние не сме оствариле ниту контакт со него. Тој и уште многу други играчи сакаат да играат за Барселона“, рекол Кардонер.

Scroll to Top