Top Sport

Најмладиот премиерлигашки менаџер Мејсон дебитираше со ВАР-победа за Тотенхем

Рајан Мејсон, најмладиот тренер во историјата на Премиер лигата (има само 29 години), дебитираше со драматична 2:1 победа на Тотенхем над Саутемптон, остварена со пенал по ВАР преглед во 90-тата минута од мечот.

Мејсон, кој е привремено решение на клупата на клубот од северен Лондон како замена за Жозе Мурињо, немаше најдобар старт – Саутемптон поведоа по половина час игра со голот на Дени Ингс, а гостите беа поактивни во првото полувреме.

Герет Бејл успеа да израмни во 60. минута од мечот, со мајсторски удар, пред во 90-тата минута, по долго прегледување на ВАР снимките, Тотенхем да добие пенал, кој сигурно го реализираше Хеунг-Мин Сон.

Со победата, Тотенхем си ги зголемија шансите во борбата за топ 4 пласман – сега се шести со 53 поени, два помалку од четвртопласираниот Челси (но со натпревар повеќе). Саутемптон се 14-ти со 36 поени.

Scroll to Top