Англискиот весник „Мирор“ на своите читатели им понуди интересна анкета, со цел да дознае кој е најомразениот тим во Англија.
Неколку илјади посетители на интернет страницата на весникот гласале, а најмногу гласови заминале на страната на Челси.
Дури 68,7 отсот од анкетираните реколе дека не го сакаат Челси. Блиску до „сините“ е Манчестер јунајтед, а следуваат Ливерпул, Вест Хем, Арсенал…
Најмалку омраза има кон Хадерсфилд, Бормут, Брнли, Фулам и Брајтон.
Анкетата не претставува изненадување, бидејќи најголем дел од оное што гласале се навивачи на Манчестер јунајтед, Ливерпул или Челси, па се претпоставува дека гласале против ривалските тимови.
Се смета дека Челси е најомразен поради руските милиони, а Јунајтед поради Жозе Мурињо.