Top Sport

Најпознатиот англиски судија на трибините ја слави победата на омилениот клуб (Видео)

Мајк Дин е еден од најпознатите фудбалски судии во светот. На интернет има многу клипови со негови комични реакции, а а на социјалните мрежи деновиве е хит, но сега како навивач.

50 годишниот Дин е голем навивач на Танмере Роверс. Тој не пропуштил да ги проследи двете плеј-оф средби во четвртата лига на Англија помеѓу Танемре Роверс и Форест Грин (1:0, 1:1), а и знаел како да го прослави пласманот во финалето на клубот за кој навива уште од детството.

Сигурно е дека Мајк Дин ќе биде и на трибините во Лондон на 25 мај, кога Танмере Роверс ќе го играат финалниот меч за пласман во третата лига против Њупорт.

Инаку, Мајк Дин во Премиер лигата суди натпревари уште од 2000 година, кога бил главен судија на натпреварот Лестер-Саутемптон.

Овој 50 годишник неодамна на мечот Вулверхемптон-Манчестер Јунајтед го покажа 100 црвен картон во својата кариера.

Scroll to Top