Top Sport

Зидан поради синот имал несогласувања во клубот

Зинедин Зидан имал несогласувања со клупските челници околу тоа кој ќе биде втор голман наредната сезона. На таа позиција Зизу сакал да го има својот син Лука Зидан што не им се допаѓало на многумина во Реал.

Уште од времето на Жозе Мурињо и „случајот Касиљас“, изборот на голманите претставува проблем за тренерите на „кралскиот клуб“.

Донекаде проблемот го реши Зидан, кој во својот мандат му ја даде поддршката на Кејлор Навас, а Костариканецот му возврати со добри партии на голот на Реал.

Минатото лето, според многумина непотребно, Реал за 40 милиони евра го донесоа Тибо Куртоа, а Навас се пресели на клупата. Откако се врати во клубот Зидан, Навас ја доби својата шанса, но јасно е дека тој ќе треба да бара нов тим.

Наредната сезона Куртоа ќе биде прв голман, а Зидан сака негова резерва да биде Лука Зидан. Во клубот сметале дека резерва треба да биде Украинецот Андиј Лунин, кој последните шест месеци ги мина во Леганес и не се прослави.

Scroll to Top