Top Sport

Најскапиот британски трансфер презентиран во „гепек“ на автомобил

Челси под Тод Бели повторно руши рекорди со трошење за засилувања, откако го потврдија трансферот од 115 милиони фунти на Моисес Каиседо од Брајтон, победувајќи ги Ливерпул за потписот на фудбалерот од средниот ред.

Каиседо потпишува осумгодишен договор со „сините“ со опција за уште една сезона, а Челси го потврдија потписот со кратко видео на кое Еквадорецот е со неговата мајка, налик на фотографијата која ја има во родниот Еквадор со дрес на Челси до 2001/02.

Со овој договор се продолжува неверојатната приказна на 21-годишниот Каиседо, кој пристигна во Брајтон во февруари 2021 гоина за само 4.5 милиони фунти. Ова лето имаше неверојатна борба за неговиот потпис, откако и Челси и Ливерпул понудија 115 милиони фунти, а првично Брајтон ја прифатија понудата на Ливерпул, пред Каиседо самиот да инсистира да потпише за Челси.

Се очекува Каиседо да дебитира за новиот клуб веќе во недела, кога Челси гостуваат на Вест хем.

Scroll to Top