Top Sport

Најскапиот играч во историјата на Баерн се пресели во ПСЖ

Францускиот шампион ПСЖ денеска претстави големо засилување. Нов член на клубот е Лукас Ернандез, француски репрезентативец кој доаѓа од Баерн.

ПСЖ во последно време е во центарот на вниманието поради војната со Килијан Мбапе. Сепак, иако водат жестока битка со првата ѕвезда, раководството на клубот од „Паркот на принцовите“ не седи со скрстени раце, туку ги засилува своите редови.

Францускиот репрезентативец Лукас Ернандез денеска стана нов играч на „светците“. Тој и официјално беше претставен како нов играч на парискиот гигант. 27. годишниот дефанзивец пристигнува од Баерн Минхен во зделка вредна 50 милиони евра. Тој потпиша петгодишен договор.

Лукас Ернандез е најскапиот фудбалер во историјата на Баерн Минхен. Францускиот дефанзивец беше платен 80 милиони евра кога од Атлетико Мадрид во 2019 година пристигна во Минхен.

Ернандез ја пропушти речиси цела минатата сезона поради тешка повреда. Тој се појави на само 11 натпревари. Вкупно, 27. годишниот дефанзивец одигра 107 натпревари во дресот на баварскиот гигант и постигна два гола.

Покрај Ернандез, ПСЖ летово се засили со Мануел Угарте, Канг-Ин Ли, Милан Шкриниар и Марко Асенсио.

Scroll to Top