Шпанскиот фудбалски голман, Кепа Аризабалага најверојатно на крајот на оваа сезона ќе го напушти тимот на Челси каде стигна за неверојатни 80 милиони евра, со што стана најскап чувар на мрежата во светски рамки.
Кепа во Лондон дојде во 2018 година, од редовите на Атлетик Билбао, но во двете сезони на голот на „сините“ не ги оправда вложените пари.
Менаџерот, Френк Лампард еден период дури го држеше и на клупа.
„Марка“ како следна дестинација на младиот голман ја споменува Валенсија. „Лилјаците“ планираат да го доведат на двегодишна позајмица, со опција за откуп на договорот.
Доколку Кепа го напушти „Стемфорд Бриџ“, неговата замена најверојатно ќе биде голманот на Ајакс, Андре Онана.