Top Sport

Ги тргна од тронот, патеа 30 години, а сега им ја честита титулата

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, според многумина најдобриот фудбалски тренер на сите времиња, испрати честитка на својот голем ривал од Ливерпул – Кени Далглиш откако „црвените“ ја освоија Премиерлигата првпат по 30 години.

Фергусон своевремено рече дека „симнувањето на Ливерпул од тронот бил неговиот најголем успех со `ѓаволите`“.

Сепак, големиот Ферги уште еднаш покажа џентлменски манири и му упати честитка на сонародникот, Далглиш

„Ме контактираше, да ми честита. Тоа е таа стара генерација. Ферги во Јунајтед, Брајан Кид, Мајк Сумарби, сите тие стари луѓе кои биле во фудбалот како и ние, на крајот на сезоната секогаш испраќате писмо и му честитате на добро направената работа. Тоа продолжува. Тоа е голем комплимент, конкуренти сте и противници, но сте доволно великодушни да испратите писмо со честитка. Сите сме дел од истата игра, зарем не“ – рече Далглиш.

Ливерпул по 30 години чекање ја освои титулата во Англија, вкупно своја 19-та или прва откако постои Премиерлигата во тој формат.

Јунајтед има една повеќе од најголемиот ривал, а за тоа најзаслужен е токму Фергусон.

Далглиш како играч и како тренер на Ливерпул освои 8 титули, додека Фергусон како кормилар на Јунајтед 13-пати беше првак на Англија.

Scroll to Top