Top Sport

„Најтешкиот пораз во кариерата го доживеав од Манчестер јунајтед“

Томас Тухел, утре, трет пат во кариерата ќе се сретне со Манчестер јунајтед. Челси, во дербито на колото ќе ги пречека „црвените ѓаволи“, од 17.30 часот.

Тухел, кој на почетокот на годината го наследи Френк Лампард во Челси, во минатото два пати имал можност да води тим против Манчестер јунајтед.

Пред две сезони, во осмина-финалето, во Лигата на шампионите, Јунајтед го елиминираше ПСЖ, иако тимот на Тухел победи на „Олд Трафорд“ во првиот меч со 2:0. Реваншот беше кошмарен за него и неговиот тим, Јунајтед со победа од 3.1 се пласираа во наредната рунда.

„Тоа е најлошиот пораз во мојата кариера. Дојде од никаде. Бев два дена во темнина. Тој натпревар и утрешниот не можат да се споредат“, рекол Тухел.

Во пресрет на натпреварот Челси се петти на табелата со 43 поени, додека Јунајтед се втори со шест поени повеќе од „сините“.

Scroll to Top