Една од најпопуларните фудбалерки во светот, Алиша Леман, во интервју за швајцарскиот Јутјуб канал Ширин Девин, откри дека својата голема заработка и слава им ја должи на социјалните мрежи. Откри дека мора да заработува и на овој начин, бидејќи не може да достигне до платите на машките колеги.
Рекла дека за секоја објавена слика добива по околу 260.000 евра преку спонзори, а на прашањето која е најпознатата личност која ја контактирала таа одговорила: „Дрејк. Пред некој ден ми испрати порака и ми го побара дресот“.
После тоа откеила дека ја контактирала „светски позната ѕвезда“ и и понудила сто илјади евра за една ноќ во кревет. Таа го одбила и се изнервирала, а во разговорот рекла дека се работи за срамна понуда.
„Нема да откријам за кого се работи, но тој е малку глупав. Ги имам тие пораки на мојот мобилен телефон, но не му одговорив. Никогаш не сме се сретнале, еднаш само бевме на ист настан”, рекла таа.
Леман има 27 години игра за Астон Вила и швајцарската репрезентација, а на Инстаграм ја следат над 15 милиони луѓе.
Се декларира како бисексуалка, па извесен период излегуваше со својата соиграчка Рамона Бахман од репрезентацијата, како и со фудбалерот на Астон Вила Даглас Луиз.