Еден од најтиражните спортски весници во светот „Марка“ минатата недела на својот интернет портал организираше избор за најубав фудбалски грб во светот. Во анкетата учествувале над 10 милиони читатели, што според „Марка“ претставува рекордно гласање.
Читателтите за најбав грб го изгласале оној на фудбалскиот клуб Ал Ахли од Египет. За овој грб гласале околу три милиони од читателите.
Во анкетата на второто место е грбот на Раџа Казабланка од Мароко (2,7 милиони гласови), а трет е грбот на Флуминенсе (169.000 гласови).
Меѓу најубавите десет фудбалски грбови се наоѓаат оние на Реал Мадрид, Фенербахче, Ливерпул, Барселона, Коло Коло, ЦСКА и Бешикташ.
#LoMásLeído | Así queda el ránking definitivo de los escudos más bonitos del mundo https://t.co/OVfv6GR0L5
— MARCA (@marca) May 4, 2020