Случајот на Алваро Одриозола е незабележан во фудбалската историја. 24 годишниот десен бек сезонава освои пет трофеи со два клуба иако во сезоната одиграл само 613 минути. Статистиката вели дека Одризола освојувал трофеј на секои 123 минути.
Одризола сезоната ја започна во Реал Мадрид со „кралскиот клуб“ го освои Суперкупот на Шпанија, а доби медал и за титулата во Ла Лига бидејќи пред да замине во Баерн на позајмица настапил на пет натпревари за „кралскиот клуб“.
За Баерн Одриозола настапил на три натпревари и два пати седел на клупата за резерви. И покрај тоа тој доби медали за трофеите на Баерн во првенството и Купот на Германија односно во Лигата на шампионите.
Одризола синоќа последен пат го носеше дресот на Баерн, Баварците нема да го откупат неговиот договор што значи дека тој ќе се врати во Реал каде иднината му е несигурна и многу е веројатно дека ќе го напушти клубот од Мадрид.