Top Sport

Наместо да го продадат, Јунајтед на Погба му нудат 500.000 фунти неделно!

Манчестер јунајтед подготвуваат мега-понуда за Пол Погба за да го убедат да остане на „Олд Трафорд“ по неговата изјава во текот на викендот дека „можеби е време за нов предизвик“.

Јувентус и Реал Мадрид се заинтересирани за францускиот фудбалер од средниот ред, но управата на Јунајтед прво порача дека нема шанси за трансфер и за да го убедат Французинот да остане кај „ѓаволите“ му нудат неделна плата од астрономски 500.000 фунти, тврди британскиот „Дејли мејл“.

Погба во моментов има плата од 290.000 фунти неделно, а има уште две години од неговиот договор, а Јунајтед има опција да го заддржи за уште една сезона. Клучен човек во преговорите е извршниот потпретседател на клубот, Ед Вудвард, кој сака Погба да остане поради неговите фудбалски квалитети, но и поради комерцијалниот потенцијал кој го носи со себе фудбалерот.

Новиот менаџер Оле Гунар Солскјер пак, иако има подобар однос со Погба од претходникот Жозе Мурињо, полека сфаќа со каков предизвик се соочил Португалецот, откако од неговото доаѓање во декември имаше шанси да го види во најдобра, но и во најлоша форма. Повеќето соиграчи пак, би сакале тој да остане бидејќи така се покажуваат амбициите на клубот.

Scroll to Top